Столтенберг: Не смееме да ја потценуваме Русија

Целта на рускиот претседател Владимир Путин е „да ја остави Украина студена и мрачна зимава“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Руското повлекување од Керсон ја покажува неверојатната храброст на украинските вооружени сили“, рече шефот на воената Алијанса за време на прес-конференцијата со членовите на холандската влада во Хаг.

„Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за преговорите за ставање крај на војната“, рече тој, додавајќи дека улогата на НАТО е да го поддржи Киев.

„Не треба да направиме грешка да ја потцениме Русија. Руските вооружени сили задржуваат значителни капацитети, како и голем број војници, а Русија покажа подготвеност да преземе значителни загуби. Тие исто така покажаа извонредна бруталност. Следните месеци ќе биде тешко. Целта на Путин е да ја остави Украина на студ и темнина оваа зима. Затоа мораме да останеме на курсот“ – заклучи Столтенберг.