Ердоган: И во 2021. работевме деноноќно за постигнување на целите на Турција
Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган рече дека како секоја година, така и во 2021. година „не застанале, работеле деноноќно продолжувајќи го својот пат без застој, за постигнување на целите на Турција“.
„Како секоја година така и во 2021 година не застанавме за постигнување на целите на Турција, велејќи ’го продолжуваме патот‘ работевме деноноќно“ – напиша Ердоган на социјалните мрежи.
Тој во објавата нагласи дека им е обезбедена поддршка на граѓаните кои имаа потреба, дека се изградени центри за спречување на насилството и се направени голем број правни уредувања, дека се вработени инвалиди и млади под државна заштита, дека се обезбедени услуги во домовите на оние на кои им е потребна помош и дека е обезбедена финансиска поддршка.
Ердоган информираше дека безбедносните сили спречија 181 терористичка акција, а како резултат на овие спречени акции – запленети се големи количини муниција.