Американскиот претседател тврди дека „добрата климатска политика е добра економска политика“ и ги повика сите главни емитери на стакленички гасови да ги „усогласат своите амбиции“ со меѓународната цел за ограничување на идното глобално затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
Американскиот претседател Џо Бајден на годишниот меѓународен самит за климатските промени ги повика светските лидери двојно да ја зголемат борбата против глобалното затоплување, велејќи дека руската инвазија на Украина ја зајакнува потребата за постепено исфрлање на фосилните горива.
„Не можеме повеќе да се изјаснуваме за незнаење за последиците од нашите постапки или да продолжиме да ги повторуваме нашите грешки“, рече Бајден.
Трошењето на САД околу 375 милијарди долари во текот на една деценија за борба против климатските промени му дава на Бајден поголема моќ да изврши притисок врз другите нации да ги исполнат нивните ветувања за намалување на емисиите на штетни гасови со ефектот на стаклена градина и пренасочување на глобалната економија кон почисти извори на енергија.
На конференцијата за климата КОП 27, Бајден зборуваше за ново дополнително правило кое ќе ги намали емисиите на метан, проширувајќи ја сличната регулатива што неговата администрација ја објави минатата година.
Бајден рече дека издвоените средства кои се дел од поширокото економско законодавство што го потпиша оваа година, ќе обезбедат САД да ја постигнат целта за намалување на емисиите до 2030 година. Американскиот претседател тврди дека „добрата климатска политика е добра економска политика“ и ги повика сите главни емитери на стакленички гасови да ги „усогласат своите амбиции“ со меѓународната цел за ограничување на идното глобално затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
Но, дури и со најновите напори, САД и светот треба да поминат долг пат за да ги исполнат целите за кои научниците се надеваат дека ќе го спречат глобалното затоплување.