Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор.
„Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментоТ е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне каков било сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката“, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.