Младинскиот културен центар (МКЦ) ги прави последните подготовки за вечерашното отворање на 47. Интернационален театарски фестивал „Млад Отворен Театар“.
Но, средствата кои МОТ ги доби годинава од Министерството за култура и од Град Скопје се 60 отсто помали од претходните години и изнесуваат вкупно 56 .000 евра. Затоа во програмата доминираат домашните, наспроти претставите од странство, бројот на изведувачи е до четири, а изведбите се кратки.
Дополнителен удар на фестивалот предизвикала економската криза со порастот на цените за хотелско сместување, транспорт на сценографија и авиобилетите кои скокнале два до три пати од пред пандемијата. Во тие околности невозможно е да се донесат големи светска театарска продукции како Остермаеровиот „ Галеб“ во 2016 година, зашто тие чинат колку што е годинашниот буџет на МОТ, вели Арсов.
Сепак има и една убава новина. Осум домашни претстави ќе се натпреваруваат за наградата која го носи името на основачот на МОТ – Љубиша Никодиновски- Биш, кој почина летово. А, победникот ќе добие награда од 3.000 евра и можност за копродукциски проект со МОТ за следното издание. Фестивалот ќе трае до 19 ноември.