Камбовски: Доаѓа време на одговорност, Абази доследно да се држи до законот

Владо Камбовски му порача на новиот шеф на ЈО ГОККО, Ислам Абази да работи законито оти доаѓа крај на партизација на институциите.

„Човекот што е избран, законито, совесно да си ја врши својата функција. Сите институции во народниот период ќе бидат сериозно опсервирани дали работат согласно закон. Треба да се разбере дека конечно доаѓа крајот на бесот на политичките партии и аргантноста, наметнување на кадри без критериуми на квалитет. Да не зборувам за се она што значи партизација. На партизацијата на институциите доаѓа крајот. Со отворањето на преговорите на членство во ЕУ, тој крај доаѓа“ му порача академик Камбовски на Абази.

Камбовски за Абази рече: „Не знам како е избран, што е избран. Доследно да се држи до законот. Доаѓа време на одговорност, не само политичка туку и казнена“.