Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на таканаречената криминална банда на Веља Невоља.
Според последните сведочења, групата на популарниот Вељко Беливук планирала ликвидација на српскиот претседател Александар Вучиќ. Атентатот наводно бил планиран за време на откривањето на споменикот на Стефан Немања на Савскиот плоштад во Белград.
Судењето продолжи по неколку одложувања, наводно поради психичко растројство на Невоља кое наводно го има уште од најрана возраст.
Неодамна српските медиуми ја открија неговата најголема семејна тајна. Кога имал девет години, татко му извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои соседите се’ уште се чудат како преживеале.
На социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава.
На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.