Болидот на Ферари што легендарниот Михаел Шумахер го возеше во 2003 година е продаден во Женева, на аукција за 13.180.000 евра. Аукциската куќа „Сотби“ објави дека ова е рекордна сума за еден Формула 1 болид во поновата ера.
Претходниот рекорд го држеше друг болид, исто така управуван од Шумахер, во текот на сезоната 2001 година, кој беше продаден за 7,5 милиони долари.
Во овој болид Шумахер во сезоната 2003 година постигна 5 победи, во Шпанија, Австрија, Канада, Италија и САД.
Шумахер ја освои својата шеста титула со овој болид, додека Ферари стигна до петтата последователна титула во шампионатот на конструктори.