Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според европската сеизмичка скала се случи утрово во Италија, во близината на Римини. Најпрво ЕМСЦ објави дека потресот е со 6,1 степен, за потоа да направи корекција.
Потресот се случил во 07:07 часот на длабочина од 10 км, 62 км источно од Римини.
Хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во западните делови на Хрватска, па дури и во Загреб.
Италија вчера ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени со епицентар во близина на Џенова.
Повеќе детали околу евентуални материјални штети се очекуваат во текот на денот.