Инфлацијата продолжува да расте, рекордни 19,8 проценти измери Статистика
Инфлацијата продолжува да расте со несмалено темпо исто како и цените на производите и услугите кои граѓаните секојдневно ги купуваат или користат.
За само една година, од октомври минатата година до минатиот месец, инфлацијата пораснала за рекордни 19,8 проценти, покажува анализата на Државниот завод за статистика (ДЗС). И цените на мало се исто така драстично зголемени и сдамо за една година е забележан раст во просек од 15,4 проценти но загрижувачки е што цените на основните прехрамбени производи се поскапени за над 30 проценти.
„Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4 %“, стои во извештајот на ДЗС.
Граѓаните се почесто алармираат дека цените на прехрамбените производи, овошјето и зеленчукот, секојдневно се менуваат на рафтовите во продавниците а тоа го потврдува и ДЗС според кој за една година тие се повисоки за 15,4 проценти. Но цените на основните прехрамбени продукти се зголемени далеку повеќе. Најголемо поскапување има на лебот – 47,7 прооценти, на млекото, сирењето и јајцата за 40,7 проценти. Маслото е поскапо за 40,3 проценти, месото за 28.6 проценти, зеленчукот поскапе за 22,4 проценти а овошјето за само една година е поскапо за 15,5 отсто.
„Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %“, информират од ДЗС.