ММФ: Можно е инфлацијата во светот да го достигна врвот
Растот на потрошувачките цени во светот може да се ближи до највисоката точка во овој циклус, но и натаму може да се покаже како тврдоглав, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
Во неделата во која податоците за инфлацијата во октомври во САД може да покажат уште едно ниво од околу 8 отсто, Георгиева зборуваше во рамките на годишниот самит за климатските промени, кој се одржува во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик.
„Нема да брзам со податоците, но многу е можно дека сме дојдени до врвот. Сега гледаме дека централните банки се обединети во борбата против инфлацијата, како најголем приоритет, и тоа со право. Ако не успееме, тогаш ќе се нарушат и темелите за раст и стабилноста на цените“, рече Георгиева.
Директорката на ММФ рече дека надлежните и натаму се борат да ги симнат зголемените потрошувачки цени на прифатливо ниво.
„Инфлацијата ќе биде потешко да се спушти на посакуваното ниво од околу два процента. Ако ја гледаме диверзификацијата на синџирот на нарачки, тоа неизбежно ќе изврши одреден притисок врз цените“, рече Георгиева.