Макрон: Mора да се изврши притисок врз САД и Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на маргините на климатскиот самит „COP27“ во Египет рече дека сака да изврши притисок врз „богатите неевропски“ земји, особено САД и Кина, да го платат својот дел од помошта за сиромашните земји кои се соочуваат со климатските промени.

„Мораме да ги вклучиме САД и Кина целосно во прашањето за намалување на емисиите на стакленички гасови и финансиска солидарност“ рече Макрон во Шарм ел Шеик за време на состанокот со младите Французи и Африканци посветени на климатскиот активизам.

Макрон тврди дека Франција и Европа се на добар пат во однос на намалувањето на емисиите, но дека поголемите земји треба побрзо да постигнат јаглеродна неутралност, пишува Франс прес.

На дневен ред на состанокот во Египет беше прашањето за „загубите и штетите“, механизам за компензација за посиромашните земји да се справат со последиците од климатските промени, а ќе има и неисполнето ветување за помош од 100 милијарди долари за земјите во развој за зелена транзиција.

Макрон рече дека „Европјаните плаќаат, но тие се единствените кои плаќаат. Затоа е неопходно да се изврши притисок врз богатите неевропски земји и да им се каже дека треба да го платат својот дел” – заклучи францускиот претседател.