Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски направи голем скок на АТП ранг листата која што беше објавена денеска.
Поради добрата форма Ивановски напредуваше за дури 115 позиции и сега е 635. тенисер во светот.
За Калин ова е убедливо најдобриот пласман во кариерата. Со добрата форма со која игра од крајот на август досега тој напредуваше 455. позиции и ако продолжи вака сигурно нема тука да застане.
Инаку, Новак Ѓоковиќ има пад за едно место на најновата АТП-листа и покрај тоа што играше во финалето на Мастерсот во Париз, во кое загуби од тинејџерот Холгер Руне.
Српскиот ас сега е осми на ранг-листата.
Прв е Карлос Алкараз пред Рафаел Надал, а трет е Стефанос Циципас, кој во Париз загуби од Ѓоковиќ.
Пред Новак се и Каспер Руд, Данил Медведев, Феликс Оже Алијасим и Андреј Рубљов.