Курти тврди дека Белград сака да го дестабилизира Косово, Србите го повикаа да не ги нарекува криминалци

Нема помоќни поединци или групи од државата. Ние не ги разликуваме криминалците по етничка припадност, туку врз основа на незаконски дејствија, рече Курти, пренесуваат приштинските медиуми.

На изјавите на косовоскиот премиер реагираше директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој на Твитер напиша дека најголемиот проблем на Курти е што секој Србин на северот на Косово го нарекува криминалец, истакнувајќи дека тоа доволно говори за неговата омраза кон српскиот народ
Косовоскиот премиер, денеска изјави дека Белград сака да го дестабилизира Косово и дека ситуацијата на северот е „загрозена од криминализирани поединци и групи“.

Тој повторно ги повика Србите да не ги напуштаат институциите на Косово.

Курти најави дека имал добар разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел и дека го информирал дека досега се изречени 843 опомени на возачи на автомобили со српски регистарски таблички, без никакви инциденти или жалби.

Додека Србите на северот на Косово протестираа, Курти престојуваше во Призрен, од каде порача дека не може да се загрози законитоста и уставноста на Косово.

„Нема помоќни поединци или групи од државата. Ние не ги разликуваме криминалците по етничка припадност, туку врз основа на незаконски дејствија“, рече Курти, пренесуваат медиумите во Приштина.

Тој ги повика граѓаните на северот на Косово да не ги напуштаат институциите и да не поднесуваат оставки бидејќи, како што додаде Курти, на овој начин се ослабуваат услугите на граѓаните.

„Тие немаат никаков притисок од нас, туку љубезни апели. Притисокот доаѓа од Белград, кој сака да го дестабилизира Косово“, рече Курти.
Косовскиот премиер тврди дека Србија не сака конструктивно да се вклучи во дијалог и го избрала овој пат.

На изјавите на косовоскиот премиер реагираше директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој на Твитер напиша дека најголемиот проблем на Курти е што секој Србин на северот на Косово го нарекува криминалец, истакнувајќи дека тоа доволно говори за неговата омраза кон српскиот народ.

„Над 10 000 луѓе на протестот денеска кажаа – „не“ на беззаконието на Курти и газењето на договорот. Албин Курти научи да не ги нарекуваш Србите криминалци!“, напиша Петковиќ.