Патнички авион се урнал во езерото Викторија во Танзанија во близина на градот Букоба. Како што јавува Би-Би-Си, повеќе од 20 луѓе се спасени, но тие бројки не се официјално потврдени.
На летот имало 49 патници. Спасувачите, како и локални рибари, трагаат по исчезнатите.
„Успеавме да спасиме доста луѓе“, изјави за новинарите командантот на полицијата во провинцијата Кагера, Вилијам Мвампагал.
Според медиумите, авионот паднал во невреме и силен дожд, пилотот почнал да слетува, но ја промашил пистата. Танзаниската претседателка Самиа Сулуху Хасан повика на смиреност додека продолжува спасувачката операција.