Романија нема територијални претензии кон Украина

Романија нема територијални претензии кон Укранија, соопшти денеска романското Министерство за надворешни работи.

Министерството ја нарече лажна идејата Романија да има територијални претензии кон Украина и ја повтори цврстата поддршка на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во контекст на специјални воени операции, пренесе ТАС С.

Претседателот на Русија Владимир Путин рече во петокот на состанокот со историчарите и претставниците на традиционалните религи дека во Варшава се разговара за идејата за враќање на украинските територии кои се отуѓени од Полска во текот на Втората светска војна.

Во тој контекст Путин кажа дека големи региони од Романија биле вклучени во Украина во текот на тие години.