
Во првото коло од прелиминарната фаза во групата „Ц“ на Европското сениорско првенство македонската женска сениорска репрезентација попладнево загуби убедливо од Франција со 24:14 (12:5).
Французинките уште на стартот докажуваат зошто се едни од фаворитките за највисок пласман.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски тешко ја пробиваа француската одбрана, а и голманката Дарло беше расположена со своите одбрани.
Јанеска во нашите редови беше најефикасна со пет погодоци, а на спротивната страна К. Ласурс запиша четири голови.
Во следното коло на 7 ноември од 18.00 часот Македонија ќе ги одмери силите против Холандија.