Екс селекторот Ангеловски доби отказ од Горица

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски доби отказ на клупата на хрватскиот прволигаш Горица.

Претседателот на клубот и покрај тоа што претходно даваше поддршка за Ангеловски именувајќи го и за спортски директор, по вчерашниот пораз на тимот се одлучи да го разреши Ангеловски од двете функции.

„Му заблагодаруваме на досегашниот тренер на соработката за овие неполни три месеци колку што мина на клупата на Горица“ – се вели во соопштението од Горица.

Ангеловски имаше неславна епизода на клупата на Горица што за него беше прв ангажман по заминувањето од селекторската функција на Македонија.

На десет натпревари на клупата на Горица во шампионатот на Хрватска, тој не успеа да забележи ниту една победа, со осум порази и две ремија.