Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи на територија на град Скопје изречени вкупно 197 санкции при засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Од нив, како што информира денеска МВР, за возење без возачка дозвола се изречени 15 санкции, четири за прекршоци што ги прават пешаците и 26 касни за непрописно престројување на возила.
– Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет мерки за користење мобилен телефон, се наведува во соопштението.
Од МВР потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесеме за посигурни патишта.