Бугарија купува уште осум борбени авиони F-16

Пратениците во бугарскиот парламент денес ја одобрија одлуката за набавка на уште осум борбени авиони Ф-16. Тие ќе ја чинат Бугарија 2,6 милијарди лева, или 1,292 милијарди долари јави БГНЕС.

1,292 милијарди долари ќе чини купувањето на самите авиони и обуката на пилоти, 24,4 милиони долари ќе бидат за набавка на авијациски наведувани ракети, а 3,67 милиони долари ќе чини набавката на мултифункционален систем за дистрибуција на информации – заеднички тактички радио систем.

Првите осум авиони Ф-16 кои Бугарија веќе ги плати треба да пристигнат во 2025 година, а новите осум авиони треба да бидат во земјава во 2027 година. Авионите ќе се користат за воздушно патролирање.