Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра

„Ако ја погледате макроекономската слика на Македонија ќе видите дека во третиот квартал, тоа се три месеци од 30-ти јуни до 30-ти септември долгот е зголемен државниот за 400 милиони евра, внимавајте 400 милиони евра. А, јавниот долг за тој квартал е зголемен за 422 милиони евра. Ете така тие се справуваат со кризата со нашите пари“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Битола.

Мицкоски додаде дека власта не знае да се прави со кризата, а тоа е доказ и третиот квартал каде што државниот долг се зголемил за 400 милиони евра, а јавниот долг се зголемил за 422 милиони евра.

„Ги трошат од власта вашите пари за да склучуваат договори во четири очи“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот на Македонија за 400 милиони евра.

„Е, сега власта сака тој долг да го зголеми за една милијарда и повеќе за следната година и затоа прават така екстремно голем буџет за да можат да врват договорите во четири очи. Знаат дека таа им е последна година би рекол, и тие викаат ајде што може да се земе да се земе. Ама забораваат дека има одговорност. Не знам дали се свесни дека има одговорност. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ нема намера со никого да се пазари. не знам дали тоа не го разбраа досега. Еве јас им ветувам дека ќе има одговорност. Ако мислат они дека ќе потрошат 5,3 милијарди народни пари, а најголемиот дел од тие пари во договори во четири очи се лажат“, истакна тој.

„Предвиделе капитални инвестиции од 49 ни помалку, ни повеќе 49 милијарди денари. Оваа година предвидуваа најпрвин 38 милијарди денари, за да со ребалансот намалат на 32 милијарди, а заклучно со првите 10 месеци од годината со 31.10 успеале да реализираат 14 милијарди. А, вас ви вели овде градоначалникот дека реализирале 75% од капитални инвестиции, така работи ВМРО-ДПМНЕ. А, така краде СДСМ. Ете тоа е разликата меѓу овие политички измамници и луѓе кои што навистина си ја сакаат државата и народот и сакаат нешто да направат“, нагласи Мицкоски.