На двајцата поранешни владини секретари Мухамед Зекири и Драги Рашковски ќе им суди ист судија.
АКМИС системот за двата предмети ја одреди судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска.
Зекири ќе одговара за склучување на договори без тендер за физибилити студии за приватизирање на АД Пошта и АД Железници откако кривичниот суд го прифати обвинителниот акт да му се суди за злоупотреба на службената положба.
Тој е обвинет дека го оштетил државниот буџет за околу 1 милион и 400 илјади евра.
Јанчулева – Михаиловска ќе треба да го расчисти и случајот за спорниот софтвер за МВР за кој се товари поранешниот генерален секретар на Владата – Драги Рашковски, со обвинение дека го оштетил буџетот на државата за речиси 80.000 евра.