Излезе од печат економската едиција за 100-те најголеми извозници од Северна Македонија.
Индикативен наслов – На македонската економија и се заканува совршена бура. Таа може да го зададе ударот врз ликвидноста и конкурентноста на извозниците поради рапидниот раст на цените на суровините и енергенсите.
Еве неколку податоци од порталот Извоз.мк, кој ги авторизираше минатогодишните движења.
Имаме извоз од 7 милјарди евра од што 5 милијарди евра е експортот на 100-те најголеми компании. Од оваа сума околу половина, 2.4 милјарди евра ја создаваат 1о-те најголеми корпорации во државата.
Над 4о отсто од извозот на производи од Македонија оди од царинските зони.
Џонсон мети со ланскиот извоз на автомобилски кондензатори приходувал над 2 милијарди евра. Таквата концентрација покажува дека се неопходни диверзификација на извозната понуда, со поголема додатна вредност на македонските готови производи.
Најголем трговски партнер е Германија каде одат околу 50 отсто од готовите производи.
За евроскептиците уште еден податок – над 70 отсто од македонскиот извоз доминанто е насочен пред се во трговската размена со Европската унија и соседството.
Бројките се политика.
Деловните лидери бараат ефикасни и интервентни владини политики.
Бенифициите и субвенционирањето стануваат традиционални врски меѓу Владата и претприемачите.
Трилинг во наредните изданија ќе тестира една идеја.
Колку фирмите се подготвени да реинвестираат од својот профит во заеднички инвестиции во енергија. Така се роди и американскиот њу дил?
Енергетска обврзница.
Само 2о отсто од ланската добивка на 1оо-те наголеми извозници, Плус банкарите, Значат околу 2оо милиони евра капитал за енергетски инвестиции.
На пример во фарми за фотоволтаици?