Две лица се повредени во земјотресот со јачина од 4,9 степени што денеска ја погоди западната турска провинција Измир.
Земјотресот предизвика паника меѓу населението, соопштија властите.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот со јачина од 4,9 степени, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил утрово во 3 часот и 29 минути по локално време и бил пропратен со неколку помали потреси, како и дека се почувствува во околните области.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер објави дека две лица се повредени откако скокнале од височина додека во паника се обидувале да ги напуштат своите домови.
İzmir Buca’da meydana gelen deprem, korku dolu anların yaşanmasına neden oldu. Depremin şiddet Kandilli Rasathanesi 4,9 olarak açıklandı. Depremde ilk tespitlere göre Konak’ta bulunan Selahattin Oğlu Cami’nin minaresi yıkıldı.#deprem #izmir #izmirdepremi pic.twitter.com/mUuHz29x3W
— Onur Çakır (@OnurCakir67) November 4, 2022