Полицијата го пронајде бизнисменот Штерјо Наков

Семејството на бизнисменот Штерјо Наков (74) вчера го пријави во полиција за исчезнат, по што по некое време бил пронајден поранешниот акционер на „Фершпед“ чија дејност ја продолжија неговите синови.

Наков бил пронајден синоќа од полицијата во скопското село Орешани, откако неколку часа се водеше како исчезнат, пренесува Лидер од извори од МВР.

Тој бил во нарушена здравствена состојба, но надвор од животна опасност.

Други детали од неговото семејство не се објавени.