Шолц: Постигнавме голем напредок со Бугарија и Северна Македонија

Германскиот канцелар Олаф Шолц е домаќин на лидерите од шест балкански земји и притоа кажа дека бил постигнат напредок во споровите меѓу Бугарија и Македонија.

„Треба да се надминат споровите кои ги имаат земјите од Западен Балкан. Поради тоа треба да се водат разговори, може да кажам дека оваа година постигнавме голем напредок со Бугарија и Северна Македонија“, вели Шолц.

Шолц, исто така, кажа дека Србија треба да избере меѓу членство во ЕУ и партнерство со Русија.