Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг повторно е позитивен на коронавирусот.
Поради Ковид-19, тој го откажа патувањето во Берлин, каде требаше да учествува на денешниот Самит на Берлинскиот процес.
На средбата, чија цел е заживување на Берлинскиот процес, кој треба да го поттикне натамошното приближување на Западен Балкан кон ЕУ, ќе го претставува Сузана Раб, министерка за интеграции.
Шаленберг се тестираше пред планираното патување со брз тест, кој покажа позитивен резултат.