По 10 часа испитување, полицијата утрово го ослободила Никола Николовски (23) кој вчера беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје.
Неофицијално се дознава дека испраќачите на заканите за поставените бомби во средните скопски училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите.
Инаку, Никола Николовски е член на аналитичкиот центар „Конзерватив.мк“ од каде вчера реагираа на неговото приведување:
„Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент. Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“.