Пенов на средба со градоначалничката Арсовска поради состојбите во град Скопје

Без да изнесе премногу детали, Пенов спомена дека се разговарало за најгорливите проблеми и заеднички програми како и за институционалното подобрување на односите. Како некогашен прв човек на Скопје, не сакаше да го коментира актуелното функционирање на главниот град.

За негодувањата на дел од градоначалниците кои добија забрана да формираат свои претпријатија за улично осветлување, Пенов е дециден дека Владата постапила логично и мора да се почитуваат инструкциите.

Владината одлука ќе стапи на сила деновиве откако ќе се објави во Службен весник, по што општините ќе имаат рок од осум дена да ги избришат претпријатијата од Централниот регистар.