Во Полска речиси 800 починати од Ковид 19 за еден ден
Рекорден број починачи во Полска како последица од Ковид 19 – 794 смртни случаи. Ова е најголем број починати во еден ден во четвртиот бран на пандемијата, изјави тамошниот заменик министерот за здравство Валдемар Краска, додавајќи дека бројката може да биде резултат на подоцнежните податоци поради Божиќните празници.
„Повеќе од 75 отсто од смртните случаи се невакцинирани. Мислам дека во моментов сме на врвот на бранот по бројот на починати“ – рече Краска.
Полска континуирано бележи висока стапка на дневни инфекции.
Денеска имаше 15.571 нови случаи на инфекција со Ковид-19.