УЕФА донесе одлука околу случајот со свиркањето на бугарската химна на стадионот во Скопје на натпреварот со Бугарија одигран на 26 септември.
Минатиот месец се играше квалификацискиот натпревар против Бугарија во Скопје, а од трибините се слушаа само свирежи кон интонирањето на химната на гостите.
Веројатноста дека ФФМ ќе добие казна беше очигледна, а сега тоа е и потврдено.
Фудбалската федерација на Македонија ќе мора да плати 10.000 евра глоба, поради недоличното однесување на домашната публикако како што им навеле во соопштението упатено до ФФМ.
Бугарија победи со 1:0 на ова гостување во Скопје.