Бројот на загинати по уривањето на висечкиот мост во Индија се искачи на 132 лица

Бројот на загинати при уривањето на висечки мостот во Индија, на река во западната индиска држава Гуџарат, се зголеми на 132 лица, а многумина се повредени.

Според последните информации на тамошните власти, не се знае точниот број на луѓе кои паднале во реката Мачи.

Мостот датира од 19-от век, од колонијалното време, но истиот пред неколку дена бил пуштен во употреба, откако претходно бил реновиран. Спасувачките сè уште трагаат по преживеани.

Премиерот Нарендра Моди, кој е во тридневна посета на неговата родна држава Гуџарат, рече дека е длабоко потресен поради трагедијата, а неговата канцеларија најави обесштетување на семејствата на загинатите.