Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска на прес – конференција изјави дека ќе има поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, леб, брашно, млеко, месна, живинарска индустрија и масло за јадење.
Со ова ќе треба да се стабилизираат цените на храната. Се очекува цените на производите да се намалат за најмалку 10 отсто. Евтина струја ќе има за училиштата. Истото ќе важи и за јавните претпријатија. 95 евра по мегават час ќе биде цената на електричната енергија.
„Во оваа енергетска криза, секој денар е важен за граѓаните. Се очекува најтешката зима по Втората светска војна. Граѓаните нема сами да ја пребродуваат оваа криза“, рече премиерот.
Субвениците за над 600.000 домаќинства и фирмите ќе продолжат и натам