Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска во Благоевград изјави дека даваат целосна поддршка на клубот „Никола Вапцаров“ и се надева дека правилата ќе се почитуваат, затоа што се работи за европска држава.
„Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија“, рече Апасиев.