Шефот на кабинетот на украинскиот претседател додаде дека Москва ќе го искористи прекинот на воените дејствија за да ги прегрупира своите сили и да собере ресурси.
„За Русија ова е војна за уништување – за нас ова е војна за опстанок. И сѐ додека тие се обидуваат да нѐ укинат како држава и како нација, секој договор со Русија ќе биде осуден на пропаст“, напиша Јермак на Твитер.
Шефот на претседателскиот кабинет ја обвини Русија за „уцена“ и „измислување терористички напади“ врз сопствените објекти по експлозиите на Крим.
„Примитивноста на руската уцена (се гледа) во сѐ. Нуклеарната уцена, енергијата, храната“, напиша Јермак на Телеграм.
Русија ја обвини Украина дека стои зад експлозиите на руски бродови, по кои Москва соопшти дека го суспендира своето учество во црноморскиот коридор за жито поддржан од Обединетите нации.
Јермак ја обвини Русија за „фиктивни терористички напади врз сопствените објекти“.