ОМД бара извинување од Фон дер Лаен за употребата на „северномакедонците”

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е длабоко загрижена и згрозена од тоа што претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен Македонците навредливо ги нарече „северномакедонци” за време на нејзината посета во Скопје по потпишувањето на договорот со Фронтекс. Ја повикуваме веднаш да се извини, се вели во реакцијата на ОМД.

Евроамбасадорот Дејвид Гир по оваа постапка на претседателката на ЕК изјави дека таа направила лапсус кога рече „северномакедонскиот народ“.

„Фон дер Лајен покажа огромна поддршка за Македонија и не ја посети земјава со ‘празни раце’, потпишан e Договорот со Фронтекс и доделена e парична помош за справување со енергетската криза. Ова е трета посета на претседателката во една година, што е исклучително, со што мислам дека таа демонстрираше огромна лична посветеност и посветеност на Комисијата за европскиот пат на земјава“, посочи Гир.