Атмосферата во Благоевград пред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

Полициска патрола во цивилно возило дежура пред објектот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград чие отворање е најавено за денеска, јави репортерот на бугарската ТВ Нова.

Во јавувањето во живо, тој пренесе дека на околните згради видливо се истакнати бугарски знамиња што, според репортерот на ТВ Нова, се случува на државни празници, но очигледна е пораката што треба да ја пренесат денеска.

Новинарот на бугарската телевизија истакна уште еден детаљ – во името на клубот, напишано на прозорците на просториите во кои е сместен, се врати буквата ,,м” во ,,македонски” што ја немаше во изминатите денови, но сега недостига друга буква – ,,е”. Кој ги допишува и трга буквите, не е јасно, вели новинарот.

ТВ Нова извести и дека паралелно со отворањето на клубот, партијата ВМРО-БНД ќе одржи простест, но подалеку од ова место – во центарот на градот кај споменикот на Гоце Делчев.