Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев денеска имале билатерална средба со фокус на интензивирањето и унапредувањето на соработката меѓу двете земји.
-Двајцата премиери разговараа за повеќе актуелни теми, како и за фактот дека активностите како денешниот настан, почетокот на изградбата на железничкиот Коридор 8, ги потврдуваат заложбите на двете земји за напредок на меѓусебните односи, соопшти владината прес-служба.
Како што информираат од Владата, двајцата премиери зборувале и за можностите за проширување на капацитетите на гасоводот и продлабочената соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент.