Русија ја потврди размената на 50 затвореници со Украина

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Украина предала 50 воени заробеници како резултат на преговарачкиот процес.

Министерството објави дека на 29 октомври, како резултат на преговарачкиот процес, 50 ​​руски војници чии животи биле во опасност биле вратени од територијата под контрола на режимот во Киев, пренесе ТАСС.

Министерството соопшти дека војниците ќе бидат транспортирани во Москва, каде што ќе бидат на лекување и рехабилитација во медицински установи.

Претходно денеска, вршителот на должноста шеф на самопрогласената Народна Република Доњецк – Денис Пушилин, најави размена на затвореници 50 за 50 со Украина, јави ТАСС.