Ослободен од затвор по 38 години, затаил правосудниот систем во САД

Морис Хестингс (69) беше ослободен од обвиненијата за убиство откако помина 38 години во затвор во САД, пренесуваат медиумите.

Судот во Лос Анџелес го ослободи човекот кој беше осуден за убиство и два обиди за убиство во 1983 година затоа што се појави отпечаток на ДНК кој покажува на друго лице кое е одговорно за злосторствата, пишува британски „Гардијан“.

Морис доби доживотен затвор во 1983 година за едно убиство и два обиди за убиство. По новите докази тој се огласи со куса изјава.

„Со години се молев и го чекав овој ден. Нема да покажувам со прст кон никого. Не сум огорчен, само сакам да уживам во секој ден до крајот на мојот живот” – рекол Хестингс.

И јавниот обвинител Џорџ Гаскоњ по големиот пресврт во овој случај се огласи за медиумите. Тој рече дека ова е голема неправда кон Хестингс.

„Она што му се случи на г-дин Хестингс е страшна неправда. Судскиот систем не е совршен, кога ќе дознаеме за нови докази што ја разнишуваат нашата верба во пресудата, наша должност е да дејствуваме брзо“ – рече тој.

Роберта Видхајмер била жртва на сексуален напад, а потоа била застрелана во главата. Нејзиното тело е пронајдено во багажникот на нејзиниот автомобил во Лос Анџелес.

Морис Хестингс бил осомничен под чудни и необјаснети околности, дури била побарана и смртна казна! Судењето траеше пет години и во 1988 година беше осуден на доживотен затвор без помилување. Од самиот почеток, Морис негираше дека е одговорен за ова злосторство.

Истрагата утврдила дека примерокот од спермата кај жртвата не му припаѓал на Морис Хестингс. Прво била сексуално нападната, а потоа брутално убиена. Откриено е дека примерокот од спермата му припаѓа на друг маж, а не на Хестингс, кој минатата година поднел барање за повторно тестирање на спермата.