Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека би била одлична можност да се покаже единство, доколку преставници на државниот врв најавија дека ќе дојдат на утрешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
„Јас ќе одам утре и мислам дека ќе значи тоа за нашите во пиринскиот дел за поголема самодоверба, поддршка плус од овде дека не ги забораваме нашите од таа страна на границата. Тоа е одличен настан за да покажеме дека навистина се грижиме за македонскиот идентитет и народ, а не го правиме тоа со празни зборови и реченици. Многумина сакаат да направат знак на равенство на тоа што се отвораат клубови со фашистички имиња и македонски клубови со името на Никола Вапцаров. Вапцаров обединувал, спојувал, поврзувал, за разлика од овде во Охрид каде имаме локален клуб кој носи име на човек од фашистичкиот режим. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград“ – рече Мицкоски од Охрид и изрази жалење што претставници на Влада нема да бидат утре во Благоевград.