Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Од МВР информираат дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за возење под дејство на алкохол, се вели во соопштението на МВР.