Кирби: САД ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан” под лидерство на Вучиќ

САД високо ја оценуваат иницијативата „Отворен Балкан” под лидерство на српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави синоќа Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за бебедност во Белата куќа.

„Ние поддржуваме секакви иницијтиви кои ја зајакнуваат економската соработка, интеграцијата и ја засилуваат стабилноста и просперитетот на Западен Балкан“, рече Кирби.