Снежана Камиловска Трповска од МЦМС за потеклото на имотот вели дека досегашната правна рамка нуди алатки и механизми на кои може да се утврди потеклото и секој граѓанин да биде предмет на оценка дали и колку неговиот имот бил зголемен за одреден период.
– Дали му ги надминува приходите и дали тоа лице треба да биде предмет на оценка на органите. Кога ги имаме тие мехамизми и законот за персонален данок, треба да видиме зошто досега органите не постапиле по истите, односно што недостасува во тие механизми и дали тие треба да бидта предмет на оценка. – вели Камиловска Трповска.
Таа смета дека институциите треба да ја сфатат сериозноста на спречување на корупцијата. Опсегот на институции не е само надлежност на ДКСК, имаме корпус на институции кои треба да соработуваат за да има проток на информации.
– Секогаш се става акцентот на избрани лица, а треба да се гледа пошироко. Сегашното законодавство ги опфаќа сите граѓани и тука треба да се разгранички дека овој начин на пријавување на имотот, енормното зголемување наспроти приходите, треба да важи за сите. Треба да се се разгранички што точно сака да се постигне со тој закон на имот. Очигледно беше дека интенцијата на законското решение беше во насока на репресија, односно конфискација на имотот. Треба граѓаните да бидат свесни дека имотот не треба да се прикрива, треба да биде соодветно пријавен согласно анкетните листови. – вели Камиловска Трповска.