Следува период на скапи кредити
Народната банка повторно ќе ја зголеми каматната стапка, по одлуката на Европската централна банка за трето, последователно, зголемување оваа година. Банкарите очекуваат растатот на каматите на кредитите и депозитите да продолжи.
„Домашните банки веќе направија зголемување на некои каматни стапки и на депозите, но и на кредитите. Се очекува тие и во наредниот период да поскапуваат. Зголемување е кај кредитите со варијабилни каматни стапки, додека кај фиксните ќе нема промени“, вели Маја Стевкова Штериева, претседател на МБА.
Откако по третпат годинава ЕЦБ ја зголеми каматната стапка, обидувајќи се да се справи со високата инфлација, таа првпат по 10 години ќе надмине два процента.
„Ја донесовме денешната одлука и очекуваме дополнително да ги зголемиме каматните стапки за да обезбедиме навремено враќање на инфлацијата до нашата среднорочна цел од два процента почнувајќи од состанок до состанок. Инфлацијата останува премногу висока и ќе остане над нашата цел подолг период. Во септември инфлацијата во еврозоната достигна 9,9 отсто“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.
НБРМ до сега има направено шест корекции на основната камата на благајничките записи и сега се на потег помалите банки да одлучат дали и за колку ќе ги зголемат каматите на кредитите и депизитите. Некои од нив веќе направија нагорни корекции на некои од банкарските трошоци.
Овој раст на каматите ќе влијае и врз поскапување на станбените кредити, кои покрај со фиксна камата на одреден период се врзани и со ЕУРИБОР или варијабилна која до сега изнесуваше 2,103 отсто, но од сега истата ќе порасне на 2,85 осто.