Професорот Драган Миновски поранешен директор на ЕСМ смета дека пораките од фон дер Лајенсе обединувачки, пораки кои даваат надеж на нашиот европски пат. Се чувствува една енергија на сплотеност во рамките на ЕУ. Во делот на гранд сретствата од страната на ЕУ од 80 милиони евра, смета дека е во рамките на можностите на ЕУ.
- Внатре во Унијата има проблеми кои се поврзани со енергетиката и самите земји си помагаат, но ЕУ најде сила да помогне на другите аспиранти кои сакаат да станат членки на Унијата. Не се само тие 80 милиони евра, тоа беа директни сретства кои влегуваат во буџетот веднаш во јануери наредната година и кои се доза поддршка за ранливите категории, за граѓаните и за малите и микро компании и поддршкја за македонската економија во целост во делот на енергетиката за да уѕспешно се справи со енергетската криза. – вели Миновски.
Миновски рече дека покрај тие пари се најавени и полнителни 500 милиони евра како помош за целиот Западен Балкан во делот на инфраструктурните објекти поврзани со енергетската ефикасност, обновливи извори на стуја и во делот на гасната и енергетската инфраструктура во целост со кои ќе се зајакне сигурноста и безбедноста на енергетската стабилност во регионот и ќе се добие поголема независност во делот на снабдувањето со енергија од другите земји.
- АД ЕСМ го понесе најголемиот товар во делот на кризата. Во однос на најавите дека ќе работат трите блока кога директорот Ковачевски тоа го најавува, треба да се верува и се надевам дека же бидат оспособени сите три блока да работата и да произведуваа струја. Не се само тие три блока, тука е и ТЕЦ Осломеј и термоелектраната Неготино. Мислам дека во следната зима ќе произведеме струја колку што ќе бидат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи што е обврзска на ЕСМ. – вели Миновски.
Во однос на субвенциите кон компаниите за високите сметки за струја, Миновски смета дека со помошта од ЕУ и диполните сретства од буџетот, ќе се помогне на стопанството. Цените на струјата на европските берзи не се така високи како во претходните месеци. Падот на цената на нафтата е резултат на големите количини на гас во претходниот период што се обезбедени од ЕУ. Претходно беше најавено дека олеснувачки се во европските земји резервоарите за гас што ги има во самата Унија.
- Тоа се зголеми на нив од 90%, се обезбеди течен природен гас. Количините на гас кои беа обезбедени во рамките на Европа, придонесоа да се намали, како цената на приордниот гас, така и цената на струјата на европските берзи. – вели Миновски.
Миновски смета дека многу малку се следеле енергетските стратегии од сатрана на енергетските авторитети и се инвестирало малку во енергетиката. Сега е клучно да се направи нова стратегија. Ние живееме во нови енергетски времиња, вели Миновски.