Мицкоски во Благоевград оди за поддршка на Македонците во Бугарија

Недопустливо е во срцето на Пиринска Македонија да биде отворен клуб кој ќе сее сепаратизам и антибугарски тези, реагира бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во писмото до Владата на Бугарија.

Оваа негова реакција се однесува за отвoрањето на македонскиот приватен клуб Никола Вапцаров в недела во Благоевград.

Европратеникот познат  по кревањето на десната рака во знак на нацистички поздрав во Европскиот Парламент реагира и на присуството на првиот македонски опозиционер, Христијан Мицкоски, за кој вели дека е познат по антибугарски манифестации.

На ова денеска Мицкоски му возврати дека нема антибугарско расположение и оди за да даде поддршка на Македонците во Бугарија.

Што се однесува за тоа што премерот Ковачевски нема да оди, а пак претседателот Пендаровски изјави дека не бил поканет, Мицкоски со став дека не верува во тоа што го кажуваат. Според него ова било можност да покажат политичко единство, но какошто вели одлучиле да служат на туѓи интереси.