Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Тирана во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан.
Според официјалната агенда објавена од прес-службата на кабинетот на премиерот Еди Рама во 14:30 часот ќе се одржи церемонијата на пречек на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“. Потоа во 15:45 часот во кабинетот на премиерот ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.
Заедничката прес-конференција на Лајен и Рама е планирана за 16:30 часот.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера ја започна својата балканска турнеја со посета на Скопје.
Денеска, пред Тирана ќе ја посети Приштина, утре ќе престојува во Белград и Сараево а последна дестинација е Подгорица, каде ќе престојува на 29. месецов.