Првпат ваков избор на шеф на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во земјава, каде во согласност со член 66 новиот Закон за јавни обвинители Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Македонија.
На денешната седница Советот на јавни обвинители треба да гласа и за избор на четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, по огласот што беше во април оваа година.
Меѓу другото на дневен ред на 67. седница на Советот на јавни обвинители, ќе биде и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК
Станува збор за прв ваков избор на шеф на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, каде во согласност со член 66 новиот Закон за јавни обвинители Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.
На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември.
Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.
Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска истекува на 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.
Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.
Петте пријави што се пристигнати на огласот за избор на шеф на ОЈО ГОКК се од досегашната шефица Вилма Русковска, нејзината колешка од ОЈО ГОКК, Енгелуши Кадриу Леши, скопскиот обвинител Ерман Незири, како и двајца обвинители од Гостивар, Ислам Абази, и Деса Пауновска.
Иако оценувањата изминатиот период се одвиваа бавно, од Советот очекуваат дека за една недела ќе ги добијат оценките за пријавените и ќе може да одржат седница на која ќе ја утврдат официјалната кандидатска листа за иден прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Изборите треба да се одржат на 7 ноември, а гласањето тој ден се очекува да се одвива во просториите на државното и четирите виши обвинителства во земјава (Битола, Гостивар, Скопје и Штип).
По денот на гласање, Советот има рок од седум дена за да го именува кандидатот кој освоил најмногу гласови за нов шеф на ОЈО ГОКК.