МВР: Лажни пријави за поставени бомби во осум скопски училишта

Испраќачот на пораките на полицијата засега не ѝ е познат.

Гимназијата „Никола Карев“ е едно од осумте средни училишта во Скопје каде беше пријавено дека има бомба. Сепак, по проверките на МВР се откри дека тука дојавата била лажна.

При проверките, не биле пронајдени никакви експлозивни направи и полицијата утврдила дека лажни се пријавите за бомби во осумте средни училишта во Скопје. Од МВР велат дека безбедна била еваукацијата на учениците и вработените во училиштата.

„Безбедно се евкуариртаниоха учениците се разбира упатени се и веднаш антуитерористички тимови за детална проверка на објектите. Досега е утврдено дека во дел од објектите, нема никаква експлозивна направа, односно направата е лажна. А, трае проверката во уште неколку објекти. Првично е пријавено за пет објекти, а подоцна е добиена и за уште три, односно осум училишта на територија на СВР Скопје“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Улиците околу училиштата беа затворени за сообраќај. Поради упатените закани во училиштата не се одржа наставата во втората смена, со што се одложија и дел од тестирањата за првото тримесечје.

Од Сојузот на средношколци побараа поголема безбедност во училиштата и ги повикаа соучениците на смиреност.

Порака со дојава за бомба имаше во гимназиите „Никола Карев“, „Кочо Рацин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз – Тито“, „Раде Јовчевски – Корчагин“, како и во стручните средни училишта „Боро Петрушевски“, „Владо Тасевски“ и „Лазар Танев“.